Легендата на Реал учи од Покетино, Раул наскоро на тренерското столче (фото)

во категорија Спорт од

1536_pt1_o_real_madrid_raul_g-600x400

Легендарниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалез Бланко патуваше во Лондон за да ги учи методите на тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино. Ова е задолжителна работа за Раул пред тој и официјално да се здобие со потребната лиценца со која во иднина ќе може да води и клубови од големите европски лиги.

40 годишниот поранешен играч на Реал Мадрид и Шалке одработи цел тренинг со тимот на Тотенхем и будно го следеше неговиот сонародник Маурисио Покетино како командува на тренинзите со тимот.

Раул од следната сезона за прв пат ќе се испроба како самостоен тренер и тоа на младиот тим на „кралевите“ до 18 години (Хувенил Б) каде ќе го замени поранешниот соиграч од Реал Мадрид, Алваро Бенито кој од следната сезона ќе оди едно скалило понапред и ќе го води тимот на Реал до 19 години (Хувенил А).

Покрај Раул, тренерскиот занает го учат и Виктор Валдес, Чаби Алонсо, Чави Ернандез, Маркос Сена, Хулио Баптиста, Риера и Луис Гарсија.

Извор:https://derbi.mk/