(ВИДЕО) Армаколас: Договор со Македонија нема да помине во грчкиот парламент

во категорија Македонија од

Грчкиот професор и аналичар Јанис Армаколас не е оптимист дека  до самитот на НАТО ќе се најде решение за името. Не се работи само за името туку за цел спектар на прашања, кој расте и се надополнува последниве 25 години, вели Армаколас. Дополнителен проблем е моментот во кој се одвива преговарачкиот процес бидејки  македонската е на почетокот на мандатот, а грчката  е во заминување, вели аналитичарот.   Негова проценка е дека во грчкиот парламент нема мнозинство кое би гласало за евентуалниот  догвор за името.

Грците имаа голем емотивен отпор кон решавање на спорот, бидејки веруваат дека Скопје сака да преземе од  нивната античка историја, а некој треба да ги разубеди во тоа  истакна аналитичарот.

Соговорниците на денешната дебата насловена   „Каде е јазот: Името ли е или непознавањето едни со други? Се согласија дека не е се во рацете на политичките елити, туку би требало повеке да се  работи на  освестување на граѓаните во двете земји за да се надмине  спорот.