Лицата со посебни потреби ја создаваат познатата индонезиска батик ткаенина

во категорија Култура од

ЏАКАРТА (АА) – Инвалидитетот не ги сопира Андика Индра Сапутра (30) и Агус Ризкианто (23) од Индонезија да водат еден независен живот, пишува Аnadolu Agency (AA).

Сапутра е роден со церебрална парализа, a Ризкианто е лице со оштетен слух. Двајцата заработуваат за живот создавајќи батик дизајни – традиционална индонезиска техника за боење на ткаенина.

Двајцата работници, вработени во фабрика за облека во Индонезија, ги покажаа своите вештини за посетителите на работилницата за батик ткаенина во градот Јогџакарта, на 500 километри оддалеченост од главниот град Џакарта.

Со левата рака, Сапутра со помош на алатка во вид на пенкало нанесува течен жежок восок на ткаенината, со што се прават различни шари, додека Ризкианто на марама црташе оризово поле проткаено со цветен дезен.

„Ова е квадратен модел и сакам да ја нацртам оваа шара на навлака за перница“, изјави Сапутра за Anadolu Agency (АА).

И двајцата се приклучиле на работилницата за батика дизајн на „Зола Индонезија“ минатата година. Нивната работа беше прикажана на модна ревија.

Сапутра се сеќава дека како дете му се потсмевале поради неговиот инвалидитет, нешто што го спречило да изглегува надвор и да си игра со другарите, минувајќи го најголемиот дел од времето затворен во домот.

Тој рече дека работата во работилницата и стекнатото искуство, станало негова најголема сила со што добил порив да му докаже на светот дека луѓето со посебни потреби можат да живеат самостојно.

„Сакам да ги мотивирам луѓето со одредена попреченост, но и нивните родители, дека ние исто така можеме да создаваме прекрасни работи и да живееме независно“, рече Саутра.

Сопственичката на „Зола Индонезија“, Лили Виџаја, истакна дека 15 од вкупно 20 вработени во нејзината работилница се лица со посебни потреби и дека тие се справуваат со целото производство.

„Тие имаат голема страст и ентузијазам да создаваат уметнички дела“, рече Виџаја.


Извор:http://aa.com.tr/mk/