Сѐ што треба да знаете пред да го гледате „Avengers: Infinity War“

во категорија Култура од

„Avengers: Infinity War“ е круната на десетгодишната напорна работа на студиото Marvel, па филмот уште во првиот викенд од прикажувањето предизвика голем интерес. Ако мислите дека нема да го разберете филмот без претходно да ги имате изгледано сите останати филмови на Marvel, тука е видеото на Burger Fiction, кое ќе ви објасни сѐ што се случуваше во изминатите 10 години.

YouTube каналот Burger Fiction направи 17-минутно видео во кое можете да ја видите еволуцијата на филмовите на Marvel, од тоа како беше зачната оваа филмска франшиза, до 2018 година и огромниот успех на „Black Panther“.

Извор:https://kajgana.com/