„The Incredible Hulk“ доби искрен трејлер

во категорија Култура од

Во знак на заокружувањето на десетгодишната успешна филмска приказна на универзумот на Marvel, екипата на Screen Junkies реши да се врати онаму каде што започна сето тоа – 2008 година и филмот „The Incredible Hulk“.

YouTube каналот на Screen Junkies секогаш знае да понуди интересна и смешна содржина, посебно кога се работи за видео од серијалот Honest Trailers. Иако актерот Едвард Нортон повеќе не е дел од филмскиот универзум на Marvel, сепак „The Incredible Hulk“ претставува важен дел од континуитетот на овој филмски серијал, па студиото не пропушти можност да нѐ потсети на него.

Извор:https://kajgana.com/