Натали Портман одби да прими награда во Израел

во категорија Култура од

ЕРУСАЛИМ (АА) – Фондацијата што стои зад престижните награди „Генезис“ (Genesis) објави дека годинешната добитничка Натали Портман одбила да присуствува на свечената церемонија за доделување на наградите во Израел во јуни, пренесува Anadolu Agency (AA).

Претставникот на американската актерка соопшти дека Портман била премногу вознемирена од неодамнешните настани во Израел.

Фондацијата за награди „Генезис“ наведува дека Портман ги информирала дека „не ѝ е пријатно да учествува на какви било јавни настани во Израел“.

Во соопштението објавено во четвртокот, не беше наведено конкретно за кој настан станува збор. 

Израел се соочува со критики поради бруталниот одговор на масовните протести на границата на Израел со Појасот Газа, во коишто на 30 март загинаа 28 Палестинци, а стотици беа повредени. Израел најави дека ја брани својата граница.

Од Фондацијата за доделување награди „Генезис“ стравуваат дека одлуката на Портман ќе ја исполитизира филантропската иницијатива.

Наградата се доделува за еврејски достигнувања и придонес за човештвото.


Извор:http://aa.com.tr/mk/