EК препорача отворање на преговорите за членство на Албанија

во категорија Регион од

Европската комисија препорача отворање на преговорите за членство на Албанија во ЕУ. Извештајот не содржи дополнителни услови кои треба да ги исполни официјална Тирана за почеток на преговорите. Во извештајот, Комисијата препорачува започнување преговори со поглавјата поврзани со правниот систем, оценувајќи ги позитивно резултатите од ветингот, што беше главен услов. Комисијата ги поздрави и легислативните промени преземени во борбата против корупцијата. Сепак, во извештајот се забележува дека сé уште нема казни за високи функционери вклучени во корупција. Комисијата го поздравува напредокот во борбата против одгледувањето на канабис и организираниот криминал. Сепак, Брисел смета дека е потребно поголемо ангажирање при конфискување на имотот, сузбивање на криминални групи и нивно испраќање пред лицето на правдата.

Извор:http://www.alsat-m.tv