Јункер: На Западен Балкан му треба европска перспектива заради избегнување војна

во категорија Регион од

 

Европската унија има потреба да прими нови членки од Западен Балкан со цел да се избегне ризик за нова војна во регионот, изјави денеска шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер во Европскиот Парламент.

– Ако не се отвориме за државите од регионот, кој е многу сложен и трагичен, и ако не им дадеме европска перспектива, ризикуваме нова војна како што видовме во 90-тите години, изјави Јункер.

– Не сакам да видам на Балканот да се врати војна и потребно е да се отвориме за нив, истакна шефот на Европската комисија

Извор http://press24.mk/