Хелсиншки комитет: Мигрантите понижени во Македонија

во категорија Македонија од

 

Тортура, понижување, говор на омраза и неоправдано ограничување на слободата на мигрантите, се дел од прекршувањата на човековите права, забележани од  Хелсиншкиот комитет во врска со правата на мигрантите и барателите на азил во Македонија, во 2017 година. Ова, според претседателката на канцеларијата на Хелсиншкиот комитет, претставуваат поука за во иднина.

 

Во случај Македонија повторно да се соочи со бегалски бран, според Пировска, на владата ќе и бидат сменети ингеренциите во врска со мигрантите и бегалците.

Од Хелсиншкиот комитет, исто така истакнаа дека против мигранитете е водена „црна политичка кампања“, иако за поголем дел од нив Македонија не била крајна дестинација. Од Хелсиншки велат дека полицијата употребила прекумерна сила врз бегалците, и не ги земала во предвид причините зошто заминале од својата земја и депортирале во соседните држави.

Иако во текот на 2017 бројот на мигрантите кои влегле во Македонија бил многу мал, Елена Брмбеска од Хелсиншки комитет, вели дека граѓаните треба да ги надминат предрасудите кон мигрантите.

 

 Според претставниците на Хелсиншки комитет, треба да се гарантира правото за барање азил за сите мигранти и странски граѓани кои влегле на територијата на Македонија, без да се соочат со ограничувања и негрижа од институциите.

Бесир Арифи

Извор: https://tv21.tv/mk