Хамес посочи како Баерн не треба да и пристапи на пресметката со Реал

во категорија Спорт од

hames

И во оваа сезона ќе гледаме битка на Реал Мадрид и Баерн Минхен во Лигата на шампионите, битка која ја прават интересна многу фактори, а еден од нив е секако и Хамес Родригез кој до лани беше дел од „кралевите“, додека пак сега е член на составот од „Алијанц Арена“.

Тоа што е уште позанимливо е фактот што Колумбиецот официјално се уште е член на Реал, (позајмен во Баерн) па ова значи дека ќе удри на соиграчите. Каков ќе биде настапот на офанзивецот на овие две средби останува да видиме, но тој во меѓувреме испрати порака до соиграчите за тоа како не треба на гледаат на оваа пресметка.

Според Хамес, треба да се заборави на минатогодишната елиминација во четвртфиналето која донесе голема прашина во јавноста и да не се гледа на двобојот како на одмазда, реванш за тие случувања,

-Не смееме да ги гледаме овие два натпревари против Реал како одмазда или реванш на оние од минатата година. На нив треба да гледаме како на две средби на патот до финалето, играме против Реал и мораме да бидеме во најдобра форма. Мора да веруваме во себе, да останеме мирни и да одиграме две силни натпревари, но тоа нема да биде лесно, бидејќи тие знаат што е потребно за да се борат за оваа титула секоја година и испишуваат историја. Ама историјата покажува дека Баерн исто знае на игра на вакви мечеви и ние нема да се плашиме од никого, -истакна Родригез.

Извор:https://derbi.mk/