Фото: Светот стравува од нуклеарна војна, а Ким ужива – граѓаните зачудени од неговата постапка

во категорија Свет од

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун присуствувал на претставата на кинеската балетска група во главниот град на Северна Кореја.

Лидерот на Северна Кореја, неговата сопруга Ри Сол-ју и Сонг Тао, како и претседавачите на Централниот комитет на Меѓународното одделение на комунистичката партија на Кине (СПС), снимени се како аплаудираат на балетските танцувачи.

Свеченоста е одржана по повод 15. април, денот на Сонцето, годишница од основањето на Северна Кореја и династијата Ким во 1912 година.

На минатогодишното одбележување на Денот на Сонцето, Ким организираше воена парада на која се пофали со своите најнови балистички ракети.

Отсуството на воени обележја оваа година било повеќе во склад со пораката за помирување која Ким се обидел да ја испрати во последните неколку месеци, кога првпат ја посетил соседната Кина и најавил планови за разговор со лидерите на Јужна Кореја и Соседните држави.

Фоторепортерите ги снимиле Ким и неговата сопруга, додека уживаат на балетската претстава, погледнете:

Извор:http://press24.mk