Федерер постави нов АТП рекорд

во категорија Спорт од

Federer34

Рожер Федерер и годинава реши да ја пропушти сезоната на земја во АТП серијата, но тоа не го спречи Швајцарецот да собори нов рекорд.

Федерер стана првиот тенисер во историјата кој минал 700 недели во Топ 4 друштвото на АТП ранкинг листата, што значи дека повеќе од 13 години бил на врвот на светската тениска сцена, а речиси 10 години бил на највисоката позиција.

Според официјалната статистика на АТП ранкингот, Федерерне само што е грен-слем рекордер, туку е и првиот тенисер кој минал над 300 недели на врвот, прв кој минал 500 недели меѓу првите двајца светски тенисери и прв со 600 недели во Топ 3 друштвото.

Извор:https://derbi.mk/