Три нови случаи на напади на кучиња врз скопјани

во категорија Македонија од
Три нови случаи на напади на кучиња врз скопјани
Три нови случаи на напади на кучиња врз скопјани се пријавени во текот на вчерашниот ден. Во сите три случаи лицата биле повредени.

Според полицискиот билтен, 20-годишниот М.В. синоќа во полициската станица во Гази Баба пријавил дека околу 21 часот додека се движел по улицата „Ташко Караџа“ бил нападнат од куче-скитник кое го каснало во десната потколеница.

Истиот ден во 17:10 часот во полициската станица во Центар од страна на 41-годишната Б.Л било пријавено дека околу 9 часот на улицата „Македонија“ додека се движела со велосипед била нападната од повеќе кучиња скитници од кои едното ја каснало во десната потколеница.

Со повреди на левата потколеница од напад на куче се здобил и М.Т. (50) на 13 април на улицата „Антонио Грубишиќ“.

Извор: https://nezavisen.mk/