Торес: Само една работа му фали на Гризман за да биде на ниво на Меси и Роналдо

во категорија Спорт од

tores-grizman

Искусниот шпански напаѓач, Фернандо Торес пред неколку дена соопшти дека по втор пат ќе го напушти Атлетико Мадрид, клубот кој е неговиот втор дом, клубот во кој се промовираше на големата сцена.

Каде популарниот „Ел Нињо“ ќе го продолжи своето фудбалско патување се уште не е познато, а покрај оваа дилема тој во својата држава е актуелен и со интервјуто дадено за шпанското радио „Кадена Сер“. Тој говореше на повеќе теми поврзани со Атлетико, му даде еден специјален совет на тренерот Диего Симеоне, но и воедно посочи што му недостасува на Антоан Гризман за да може да го споредуваат со Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Французинот и сезонава игра на одлично ниво и досега има дадено 26 голови во сите натпреварувања, па според Торес фалат само титули за да биде рамо до рамо со најдобрите на светот.

-За да биде на исто ниво со Меси и Роналдо му фалат титули. Се надевам ќе ги освои со Атлетико, -истакнал Фернандо.

Извор:https://derbi.mk/