Став на Сугаревски за цената на патарините

во категорија Eкономија од

Патарината на автопатите низ Македонија ќе остен иста во претстојната летна сезона, изјави при минатонеделната посета на Белград
министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски на медиумско прашање што ги интересирало српските туристи кои патуваат кон Грција.

Во моментов од Србија кон Грција се плаќа околу 100 денари на три патарини, а Сугаревски информирал дека за 15 дена ќе биде отворена
за сообрачај и последната делница на автопатот низ Македонија дел од Коридорот 10 а тоа е Демир Капија-Смоквица долга 28 километри.

Како што вчера информираше директорот на Агенцијата за патишта Зоран Китанов на оваа автопатска делница предвидени се две патарини,
една кај Гевгелија, другата кај Демир Капија.
Патарините се во фаза на изградба, а се очекува да бидат готови за осум до десет месеци.
Тоа значи дека до крајот на годината на новиот автопат ќе се вози без да се плати патарина. 

Извор: https://faktor.mk/