Средба Ердоган-Столтенберг во Анкара

во категорија Свет од

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Претседателскиот комплекс во Анкара го прими генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јавува Anadolu Agency (AA).

Челникот на НАТО денес пристигна во официјална посета на Турција, неколку дена по воздушните напади во Сирија од страна на САД, насочени против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Според претседателски извори, на средбата станало збор за регионалните прашања, вклучително и борбата против тероризмот, за мирот во Сирија, како и за воздушните напади изведени во саботата против режимот на Асад во Сирија.

Средбата беше затворена за медиумите.

Претходно, во текот на денот, Столтенберг оствари средба со турскиот министер за одбрана, Нуретин Џаникли, на која стана збор за Сирија, воздушниот и ракетен одбранбен систем и престојниот Самит на министерите за одбрана на НАТО, а се сретна и со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу.


Извор:http://aa.com.tr/mk/