Собрание, Предлог-законот за медиуми ги скара партиите

во категорија Македонија од

Новиот предлог-закон за медиумите во понеделник, на второто читање ќе се соочи со околу 80 амандмани. ВМРО-ДПМНЕ подготви 63 барања за интервенции во законот. Тие се противат на одредбата со која со стапување во сила, престанува мандатот на актуелните членови на програмскиот совет на МРТВ и на членови на Агенцијата за аудио и аудио визуелни услуги. ВМРО-ДПМНЕ исто така бара концесијата за отворање на нови медиуми да не биде во рацете на Агенцијата за медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го подржи предлогот, изборот на новите членови на управниот одбор на МРТВ и членовите на Агенцијата за медиуми да се врши со 2/3 од гласовите во Собранието. СДСМ подготви 11 амандмани меѓу кои се предвидува освен за новите членови на управниот одбор на МРТВ и членовите на Агенијата за медиуми да се гласа со 2/3 гласови, за нив да се гласа и со бадентерово мнозинство. Сето ова, според Фросина Ременски има цел деталното да бидат исфилтрирани новите членови на државната медиумска институција.

Во постојниот текст тие се избираат со 2/3 од гласовите во Собранието, а ние сме предложиле освен двотретинско гласање за избор на овие членови да се гласа и со бадентерово мнозинство“, рече Артан Груби, ДУИ

Електронските медиуми овој пат се оставени надвор од рамките на законот за медиуми.

Бесијан Лека

Извор:http://www.alsat-m.tv/mk