СДСМ и ВМРО: „Партиите да земаат повеќе пари од државата“

во категорија Македонија од

Антикорупционерите, државните ревизори и истражувачките новинари со години укажуваа на сериозни сомнежи за сивата зона во финансирањето на политичките партии во Македонија. Сега ова прашање решија да го регулираат најголемите од нив, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ како дел од политичкиот дијалог за реформските закони. Начелно, договорено е годишното редовно финансирање на партиите од државниот буџет да се зголеми за два и пол пати. Тоа е финансирање по избран пратеник или локален советник, а сумата да оди до околу 110 илјади денари по избрано лице, наместо 45 илјади како досега.

Во исто време, вредноста на донациите од правни и физички лица се предвидува да намали за два и пол пати. Правните лица наместо 30 илјади евра како досега, да можат да донираат најмногу 12 илјади евра, а границата за физичките лица се намалува од 3 илјади на 1.200 евра.

И од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека новиот модел може да ги реши старите проблеми.

Партиите да живеат без сериозни инјекции од бизнис-секторот. Ги имавме во предвид и забелешките на онаа група на блу-принтот, која работеше на демократски реформи, кои одеа во онаа другата крајност, таму имаше предлог партиите целосно да се финансираат од буџетот, а да се забранат секаков друг тип на донации“, изјави Радмила Шеќеринска – заменик претседател на СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ има став за конечно да се реши ова прашање и начинот на финансирање на политичките партии да биде и транспарентен и јавен за граѓаните на Македонија и верувам дека во овој дел ќе имаме заеднички ставови со владејачкото мнозинство“, посочи Драган Данев – координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Начелниот политички договор допрва ќе треба да се преточи во предлог-текст веројатно во рамките за Законот за финансирање на партиите, кој потоа ќе оди на јавна дебата. Начинот на финансирање на партиите е само една од темите за кои власта и опозицијата со месеци преговараа далеку од очите на јавноста.

Алсат М

Извор:http://www.alsat-m.tv/mk