Родителите бараат од Заев транскрипти за „Монструм“

во категорија Македонија од

Доказите кои премиерот Зоран Заев ги покажал на родителите на децата кои беа убиени кај Смилковското Езеро во 2012 година, да ги достави до судот, денеска побара  Горан Наќески, таткото на убиениот Александар Наќески, по одложувањето на рочиштето.

– Кога бев кај Заев ни вети дека ќе ги даде петте државни тајни, односно тоа се транскрипти од броеви на финкционери на ДУИ. Ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири, кажа Наќески пред судот и побара неговиот исказ да влезе во записник.

Тој побара од судот да се изврши претрес во СДСМ и да се одземат овие документи, како и стражарно приведување на Заев, за, како што рече, во судот да се соочи со сите родители.

Премиерот Заев, според Наќески, на родителите им кажал и дека возилото со кое се превезувале извршителите, Опел омегата, е на МВР, иако од роднини и пријатели во полицијата им било кажано дека такво возило немало кај „Алфите“.

Извор:http://www.alsat-m.tv/mk