Пулицерова награда за новинарите кои го открија секс-скандалот во Холивуд

во категорија Свет од

Весникот „Њујорк тајмс“ и магазинот „Њујоркер“ синоќа ја добија Пулицеровата награда за известување од јавен интерес. Тие ја добија наградата за нивното известување за холивудскиот скандал со продуцентот Харви Вајнштајн, кој е обвинет за сексуално вознемирување. Нивните извештаи го поттикнаа движењето „Me too“ против сексуално злоупотребување и во други дејности, освен филмската.

Одборот за доделување на наградата ја опиша работата на новинарите кои го разоткрија Вајнштајн како експлозивно, влијателно новинарство кое разоткрило моќни и богати сексуални злоставувачи.

„Њујорк тајмс“ заедно со „Вашингтон пост“ добија награда за известувањето за наводната руска вмешаност во американските претседателски избори во 2016 година.

Пулицеровата награда е најпрестижно признание во американското новинарство, а ја воспоставил издавачот Јозеф Пулицер. Првпат е доделена во 1917 година.

извор: Makfax

Извор: http://vecer.mk/