ПРОГНОЗА НА ММФ: Колкав раст годинава се очекува за Македонија?

во категорија Eкономија од

Eкономијатa во Македонија во 2018 година ќе порасне за 2,8 отсто. 

Ова е најновата прогноза на Меѓународниот монетарен фонд за земјава, објавена во Извештајот на Фондот за глобалните економски изгледи.

Ова е пониска прогноза од претходната на Фондот за Македонија, која изнесуваше 3,2 проценти. 

За следната, 2019 година се предвидува дека земјава ќе достигне стапка на раст од 3 проценти, а во 2023 година би требало да имаме економски пораст од 3,5 проценти.

Европската економија силно расте. Но, колку треба да имаш промашени економски политики, да секогаш кога светската или европската економија растат, Македонија да е на дното по економски раст, напиша денеска на Фејсбук екс премиерот, Никола Груевски. 

Според него, економијата во земјите во Европа расте и по 4, по 5 па и повеќе проценти, а ние кризираме околу нулата и сме во групата на три земји со најнизок раст. 

Извор: https://faktor.mk/