ПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА: Бројот на работници ќе расте или ќе опаѓа?

во категорија Eкономија од

Се очекува бројот на вработени да порасне во секторот на преработувачката индустрија, објави вчера Државниот завод за статистика. 

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија  во март 2018 година е еднаков како во февруари 2018 година и изнесува 19.1 процентни поени, а во однос на март  2017 година е зголемен за 2.1 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2018, во однос на февруари 2018 година,  е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на  претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на февруари 2018 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на март 2017 година. 

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2018 година изнесува 67.0 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 21.8 %, недоволната странска побарувачка со 19.7 %, недоволната домашна побарувачка со 18.3 % и неизвесното економско опкружување со 10.7 %.

Извор: https://faktor.mk/