ОВА СКАПО ЈА ЧИНИ ГЕРМАНИЈА: Колку пари губи поради недостигот на работници?

во категорија Eкономија од

Недостатокот на квалификуван персонал скапо ја чини Германија. 

Тој го намалува германскиот економски раст до 0,9% на годишно ниво. Ова го покажа истражувањето на Институтот за германска економија (IW Köln), цитирано од „Spiegel“.

Тешката и често неуспешна потрага по квалификувани работници е важна причина за ниските деловни инвестиции и застојот.

На корпоративна Германија и требаат околу 440.000 експерти. Ако бидат ангажирани, економското производство во Германија би можело да биде повисоко за 30 милијарди евра, покажува студијата. 

Недостигот на квалификувани работници создава сериозни главоболки. 

Една неодамнешна анкета спроведена од Германската комора за индустрија и трговија (DIHK) меѓу 24.000 компании покажа дека 60% од сите компании го проценуваат недостигот на квалификувани работници, како најголем бизнис ризик. Пред осум години овој удел беше само 16%.

Овој тренд може да се зголеми во наредните години. Според проценките на Институтот за истражување во Базел, „Prognos“ во 2030-та година, Германија може да има недостиг од 3 милиони квалификувани работници – дури и ако 200.000 квалификувани работници пристигнуваат во земјата секоја година.

Извор: https://faktor.mk/