Номинација на Алиоски за фудбалер на годината во Лидс (Видео)

во категорија Спорт од

alioski

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски кој настапува во редовите на англискиот клуб, Лидс својата класа ја докажа на многу натпревари, а со тоа доби номинација за фудбалер на годината на англискиот Чемпионшиплигаш Лидс.

Заедно со него во номинацијата за фудбалер на годината влегоа и неговите колеги од редовите на Лидс, Пабло Ернандес, Кемар Руфи, Самуел Саис и Тоби Нај.

Алиоски во Лидс пристигна минатото лето како големо засилување од редовите на швајцарскиот клуб Лугано и на 39 натпревари, успеа да реализира 6 голови во дресот на чемпионшип лигашот. Исто така еден од 6.голови е влезен во тесен круг за гол на годината.

Извор:https://derbi.mk/