Невил очекува промени во Јунајтед: Има играчи кои прават проблеми, сигурно ќе се заминат…

во категорија Спорт од

junajted

Манчестер Јунајтед никако не може да се стабилизира во Премиер лигата иако оваа сезона е бодовно најдобра по заминувањето на Сер Алекс Фергусон. Меѓутоа клубот има чести падови, па така по петте победи во низа од кои последната над Манчестер Сити со неверојатен пресврт во вториот дел (3-2) доживеа пораз на домашен терен од аутсајдерот Вест Бромвич Албион (1-0).

Тој удар никој не го очекуваше на „Олд Трафорд“, па поради тоа и Жозе Мурињо најави големи промени во тимот за средбата со Бурнмаут, средба на која доколку новите играчи се докажат ќе бидат во конкуренција за полуфиналето со Тотенхем во ФА купот.

Поразот од ВБА воопшто не го очекувал ниту Гери Невил кој во емисијата на „Скај Спорт“-„Monday Night Football“ (Понеделнички вечерен фудбал) му порача на Мурињо да преземе конкретни мерки и да се ослободи од играчите кои постојано му прават приблеми со своите непостојани партии.

-Тоа не го очекував, тоа беше лош, слаб ден за Јунајтед. Тие ја започнаа сезоната, обидувајќи се да се ослободат од овие настапи. Мурињо се осврна на ставот и конзистентноста, тој треба да ги идентификува оние што ги предизвикуваат тие проблеми и истите да си заминат. Мислам дека ќе има три или четири играчи кои ќе заминат и исто толку ќе дојдат. Тој мора да пресече и ќе биде тешко. Доследноста е во врска со менталитетот и играчите паднаа многу под тоа со оглед на нивните настапи во последните неколку недели, -рече Невил.

Извор:https://derbi.mk/