Мурињо планира чистка на „Олд Трафорд“, Погба е најголемата ѕвезда на списокот

во категорија Спорт од

Murinjo-Svonsi

Манчестер Јунајтед и во оваа сезона ќе остане без најпосакуваниот трофеј, тоа е оној во Премиер лигата кој е недостижен за „црвените ѓаволи“ по заминувањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година.

Да, Жозе Мурињо во оваа кампања освои најмногу бодови во домашниот шампионат по ерата на Фергусон, но заостанувањето зад градскиот ривал Манчестер Сити е големо и видливо, не само по поените туку по играта и пристапот на играчите. Поради тоа Мурињо е подготвен да направи сериозни промени во тимот во летниот преоден рок и да се откаже дури од Пол Погба.

Французинот и во вториот престој на „Олд Трафорд“ не се покажа и не ги повтори игрите од Јувентус, па португалскиот стратег е спремен да се ослободи од него, поточно да му дозволи да си замине. Ова го пренесува „Дејли Меил“ со тоа што останува отворено прашањето каде Пол би можел да заврши, Реал Мадрид, Барселона, кам-бек во Јувентус, Сити или можеби ПСЖ.

Освен Погба на списокот на „специјалниот“ се Дејли Блинд, Матео Дармијан и Антони Марсијал.

Извор:https://derbi.mk/