Мајами направи најпријатно изненадување: После еден месец Филаделфија ја почуствува горчината на поразот (Видео)

во категорија Спорт од

Dwyane Wade

Двејн Вејд како во старите добри времиња им донесе победа на ,,жешките” од Мајами Хит против Филаделфија Севентисиксерс, тимот кој беше во залет од 13 март и кој немаше пораз повеќе од еден месец. Првопласираниот тим на Истокот немаше решение за Двејн Вејд кој со 28 поени и како резервен играч од клупата го победија тимот со резултат од 103:113).

Покрај Вејд, се истакнаа и Горан Драгиќ со 20 поени  и Џејмс Џонсон кој додаде 18 поени. Кај поразените  Сиксерси, Бен Симонс беше најефикасен со 24 поени, 9 скокови и и 8 асистенции и Даниел Шариќ кој постигна 23 поени.

Сега домаќин на наредните два натпревари ќе биде тимот на Мајами и влегува со предност во понатамошното разигрување.

 

Извор:https://derbi.mk/