Македонија немоќна против Ерменија на стартот на Фед Купот

во категорија Спорт од

grupna-mk-fed kup

Македонската женска тениска репрезентација со пораз од Ерменија ги започна натпреварите во Гамарт, Тунис во Третата евро-африканска зона.

Нашите тенисерки ги загубија сите три мечеви од противнички, односно Марија Еленова со 2-1 во сетови ( 6-3, 2-6, 1-6 ) беше поразена од Ана Мовсисјан, Катарина Маринковиќ беше немоќна против Ани Амирагјан (1-6, 3-6) , додека комбинацијата Еленова/Маринковиќ загуби со 6-4 и 6-1 од Марина Давтјан и Ана Мовсисјан.

Во нашата група се уште селекциите на Литванија и Исланд.

Извор:https://derbi.mk/