Колку сопствени акции презедоа Макпетрол и Оилко?

во категорија Eкономија од

Нафтените компании Макпетрол и Оилко и натаму се едни од ретките котирани друштва на Македонска берза кои во континуитет го користат финанискиот инструмент откуп на сопствени акции со што се дава сигнал на увереност во ликвидноста на компаниите, на нивните добивки и секако за поголема контрола врз одлучувачките права внатре во компаниите.

Така на вчерашниот ден на тргување на Македонска берза, Макпетрол АД Скопје се стекна со нови 30 сопствени акции. Последната просечна цена на вредноста на акциите на Макпетрол изнесува околу 29.000 денари.

„Согласно член 34 алинеја 4 од Правилата за котација на Македонската берза АД
Скопје, известуваме дека Макпетрол АД Скопје се стекна со 29 сопствени акции и
сега поседува 4.036 сопствени акции што претставува 3,59% од вкупниот број на
акции на издавачот Макпетрол АД Скопје“, соопштија од компанијата преку берза.

Во откупот на сопствени акции не изостанува ниту Оилко од каде има вакви чести потези за пласирање на средства преку Македонска берза. 

„Согласно член 34, алинеја 4 од Правилата за котација на Македонската берза АД
Скопје, известуваме дека ОИЛКО КДА Скопје се стекна со 30 сопствени акции и сега
поседува 1.633 сопствени акции што претставува 0,65% од вкупниот број на акции
на издавачот ОИЛКО КДА Скопје“, соопштија од Оилко преку берзата. 

Просечната цена на акциите на Оилко кое е командитно друштво изнесува 6000 денари, а овој откуп на сопствени акции е веќе четврти по ред годинава. 

Извор: https://faktor.mk/