Извештај на ЕК, Македонија просечно подготвена за пазарот на ЕУ

во категорија Македонија од

Македонија според извештајот за напредокот на ЕК има подобрувања во економската сфера, и покрај препреките и политичките блокади. Домашната економија, стои во извештај, направила напредок во сферата на менаџирање на јавните финансии и транспарентноста, исто така трговските односи и инвестициите со ЕУ се интензивирани. Земјата е подготвена просечно за да се соочи со конкурентските притисоци и силите на трговијата внатре во ЕУ.

Извештај на ЕК:

– Постигнат е напредок во сферата на менаџирање на јавните финансии и транспарентност

– Интензивирани се трговските односи и инвестициите со ЕУ

– Земјата е просечно подготвена да се соочи со конкуренцијата и силите на трговијата внатре во ЕУ

Но, главните слабости на економијата остануваат. Според извештајот, Македонија во економската област треба да се бори и со пропустите во бизнис средината како што е слабото спроведување на договорите и високиот степен на сива економија. Макроекономската средина според ЕК била влошена во првата половина од 2017 година бидејќи долгата политичка криза им наштетила на инвестициите. Фискалната политика е ориентирана кон краткорочните мерки и недостига план за стабилна консолидација.

Извештај на ЕК:

– Слабо спроведување на договорите и висок степен на сива економија

– Долгата политичка криза им наштетила на инвестициите

– Недостига план за стабилна консолидација

Македонската економија исто така и понатаму страда од недостиг на образован кадар, ниски норми на иновација и од недостиг на важни инвестиции во јавната инфраструктура.

Валон Мани

Извор:http://www.alsat-m.tv/mk