Живот исполнет со болка: Боречката легенда Андре Џинот

во категорија Култура од

Документарецот на HBO „Андре Џинот“ откри една сосема поинаква страна на легендарниот борач Андре Рене Русимоф (1946-1993). Документарецот ја покажува човечната страна на човекот кој за целиот свет беше познат како Андре Џинот, боречка суперѕвезда и носител на титулата “најголемиот пијаница на Земјата“.

Меѓутоа, документарецот во режија на Џејсон Хехир што беше емитуван минатата недела на HBO, покажа дека Андре пиел бидејќи бил во огромни болки, но обивал да прима терапија стравувајќи дека тоа ќе му го смени телото на кое ја изгради целата своја кариера.

На Андре му беше дијагностицирана состојбата акромегалија, или џиновски раст.

Во документарецот, за легендата зборуваат борачките великани Винс Мекмехон, Халк Хоган и Рик Флер, како и актерите Робин Рајт и Били Кристал и неговите пријатели и членови на семејството.

Документарецот го прикажува животот исполнет со болка на човекот за кој многумина мислеа дека е непобедлив и бестрашен.

Извор:https://kajgana.com/