Ердоган и Меркел разговараа за ситуацијата во Сирија

во категорија Свет од

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува Anadolu Agency (AA).

Извори од Кабинетот на турскиот претседател велат дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Ердоган разговарал со Меркел за билатералните односи, како и за најважните регионални прашања.

Тема на нивниот разговор била и операцијата што ја спроведоа Соединетите Американски Држави (САД), Франција и Велика Британија во Сирија, по употребата на хемиско оружје во нападите на сирискиот режим во Дума.

Ердоган и Меркел притоа нагласиле дека треба да се преземат конкретни чекори за зачувување на територијалниот интегритет на Сирија и создавање напредок во политичкиот процес.


Извор:http://aa.com.tr/mk/