Емери посочи чиј дрес ќе носи Нејмар во следната сезона

во категорија Спорт од


Иднината на Унаи Емери како предводник на Пари Сен Жермен е неизвесна, но исто така отворено е прашањето дали Нејмар ќе остане во таборот на „светците“ или ќе си замине од француската престолнина по само една мината сезона.

Одговор на оваа втора дилема се обиде да даде Емери кој е цврсто убеден дека Нејмар во натпреварувачката 2018/2019 и понатаму ќе биде дел од големиот проект на клубот од Париз.

-Го гледам Нејмар во Париз и во следната сезона, партнерството Нејмар-ПСЖ ќе продолжи. тој е среќен тука, нормално е другите тимови да бидат заинтересирани за него. Разговарав со Нејмар пред две или три недели. Играчите разговараат меѓу себе и имаат директна комуникација со клубот, има одредени моменти да разговараат со него. Тој се опоравува и може да заигра пред крајот на сезоната, -рече Емери за „Кадена Спорт“.

Во однос на неговата иднина на „Паркот на Принцовите“, шпанскиот стручњак вели:

-Јас не се гледам надвор, ниту пак себеси се гледам во рамките на проектот ПСЖ. Сè уште не сме седнале да се подготвиме за следната сезона. Мораш да анализираш сè на поглобален начин, Лигата на шампионите е зенитот, фудбалското небо. ПСЖ има желба да го постигне тоа, но мора прво да создадеш историја и сила во Франција, -истакна Унаи.

Извор:https://derbi.mk/