Еколошки друштва ја стопираа изградбата на гасоводот на Водно

во категорија Eкономија од

Во одлучувањето за гасоводот на Водно ќе бидат вклучени и граѓанските организации, формирани за наоѓање прифатливо решение за гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар поради кој почна ново уништување на парк-шумата..

„Владата на Република Македонија смета дека консултацијата со граѓанскиот сектор во врска со активностите за гасификација и за заштита на животната средина како две меѓусебно поврзани области е особено важна и корисна. Затоа, во периодот што следува претставници на релевантните институции за овие прашања ќе одржат работен состанок со претставници на иницијативата ‘Спас за Водно’“, рече Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.

Од граѓанските иницијативи, предводени од „Спас за Водно“, кои побараа вклучување во работната група, велат Владата им одговорила непосредно кога го поднеле барањето минатата недела, но во одговорот не стоело дека тие ќе бидат дел од работната група.

Еколошките друштва се организираа кога пред четири недели в зори на Водно се искачија четири багери и почнаа да го рамнат теренот за изградба на гасоводот. 

Извор: https://faktor.mk/