Дураку: Наскоро камен- темелник за преминот Белановце – Станчиќ

во категорија Македонија од

За неколку дена се очекува почеток на градежните работи за граничниот премин кон Косово, Белановце – Станчиќ. Министерот за живота средина Садула Дураку, по средбата со косовската колешка, Албена Решитај, нагласи дека е издадена соодветна дозвола.

Косовската министерка за животна средина и просторно планирање, Албена Решитај, истакна дека граничните премини не се толку важни кога станува збор за глобалните еколошки предизвици.

Дураку и Решитај разговараа за можната Македонско-косовска соработка во областа на екологијата и проблемите со водата. За реката Лепенец, за загадувањето и  глобалните климатски промени. Двајцата министри се заложија Шар Планина чии падини ги делат и Македонија и Косово да се прогласи за национален парк.

Бајрам Мемети

Извор: https://tv21.tv/mk