Дибирова: Нема лесен противник на Ф4 турнирот

во категорија Спорт од

Vardar-Larvik3-Dibirova

Ракометарките на ЖРК Вардар го добија Ростов-Дон за противник во полуфиналето на фајнл-фор турнирот во Будимпешта. По ждрепката, предводничката на македонскиот првак, Ирина Дибирова, потенцираше дека ждрепката не менува многу бидејќи сите екипи се квалитетни ривали.

– Нема лесни и тешки ривали. Сите се фаворити на Ф4 турнирот во Будимпешта. Немаме никакви потценувања кон екипата на Ростов. Тие досега покажаа дека се сериозен тим. Знаеме точно што не очекува и како треба да играме. Веќе се сретнавме со нив пред почетокот на сезоната на турнир во Скопје.
Најважно е ние добро да играме, да продолжиме со подобрување на формата. Секоја екипа има свои добри и слаби страни. Ние ќе се обидеме да ја подобриме нашата форма и да најдеме начин да го неутрализираме ривалот.
Можеби е добро што нема да играме со Ѓер во полуфиналето, пред сѐ поради домашниот терен. Секако ако сакаме да играме во финале па и понатаму треба да бидеме добри на секој меч. Останува сега добро да се подготвиме, – изјави Дибирова за официјалната интернет страница на ЖРК Вардар.

Извор:https://derbi.mk/