Да се откријат вистинските „монструми“, роднините бараат од Заев да ги објави тајните

во категорија Македонија од

 

Таткото на Александар Наќевски, еден од  петтемина убиени кај Смилковското езеро, побара информациите што  Зоран Заев им ги кажал на родителите на жртвите уште пред да стане премиер, сега да ги достави во судот.  Горан Наќевски пред судот рече дека неколку телефонски транскрипти треба да се користат како материјален доказ.

Но Невзат Бејта, еден од потпретседателите на ДУИ, на нашето прашање по телефон, одговори дека нема да коментира.

И братот на обвинетиот Фејзи Азири побара доколку постои каков било прислушуван разговор со Невзат Бејта, да се објави. Бедри  Ајдари вели дека семејството на  Азири нема сознанија со какви нови докази располага СЈО, од илјадниците прислушувани разговори  што ги поседува.

Меѓу барањата на родителите на жртвите во случајот Монструм, упатени до судијата Огнен Ставрев, е и тоа како сведок да биде повикан и премиерот Заев, да даде изјава во врска со тоа  што како што тврдат -ним им го кажал. Меѓу другото и тоа дека возилото „опел омега, со кое што наводно се возеле извршителите на убиствата, било во сопственост на МВР. Родителите тврдат дека според нивни информации, единицата „алфи“ не поседувала таков автомобил.

Аднан Ќаили

Извор: https://tv21.tv/mk