Голема победа: Војдан и Бујукчекмече го нокаутираа освојувачот на Еврокупот

во категорија Спорт од

vojdan odbrana

Кошаркарите на Бујукчекмече остварија голема и супер значајна победа над фаворизираната Дарушафакаво во турскиот шампионат.

Нашиот Војдан Стојановски и колегите го шокираат новиот освојувач на Еврокупот со 77-75 и на тој начин дојдоа до огромни два бода во вистински време во борбата за опстанок во елитното друштво.

Војдан беше во старната петорка и за 28 минути даде 10 поени, 1 скок, 1 украдена топка и 3 асистенции. Најефикасен на теренот беше клупскиот колега на македонскиот репрезентативец, Вокер со 25 кошеви на кои додаде 5 асистенции.

Бујукчекмече и следната средба ја игра на домашен терен против ривал кој исто се наоѓа во опасност-составот на Трабзонспор.

Извор:https://derbi.mk/