Бејта: Надвор од државата сум, не коментирам за „Монструм“

во категорија Македонија од
Бејта: Надвор од државата сум, не коментирам за „Монструм“
Невзат Бејта, високиот функционер на ДУИ, чие име се посочува во случајот „Монструм“, одбива да ги коментира наводите на родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро за вмешаност во убиствата.

„Надвор од државава сум, пријатно“, ни рече откако слушна за што го бараме.

Денешното рочиште во скопскиот Кривичен суд беше одложено поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири. Зорица и Горан Наќевски, мајка и татко на убиениот Александар, во името на сите родители изјавија дека премиерот Зоран Заев им покажал транскрипти од разговори меѓу Бејта и Азири, но сега не сака да им ги даде поради коалициските односи во Владата. (Г.А.)

Повеќе детали за денешното рочиште на случајот „Монструм“, може да прочитате ТУКА

 

 

 

 

Извор: https://nezavisen.mk/