„Bon Jovi“, „Dire Straits“ и Нина Симон примени во Куќата на славни на рокенрол музиката

во категорија Култура од

Групите „Bon Jovi“, Dire Straits“, „Cars“ и „Moody Blues“ и легендарната Нина Симон се запишани во музичката историја и официјално, откако беа примени во Куќата на славни личности на рокенрол музиката.

Првиот гитарист на групата „Bon Jovi“ Ричи Самбора им се придружи на останатите момци од бендот за во Кливленд заедно да присуствуваат на свеченоста, но и заедно да ги изведат хитовите „You give a love a bad name“ и „Its my life“.

Американската група својот прв албум го објави во 1984 година, со што е исполнет условот, според кој првиот албум на изведувачот мора да наполни четвртина век за да може да биде примен во Куќата  на славни на рокенрол музиката.

Групата „The moody blues“ ја потсети публиката на својата нумера „Your wildest dreams“, а оваа култна група својот прв албум го сними во далечната 1965 година.

Меѓу останатите славни имиња од оваа свеченост се и „Dire Straits“ и „Cars“.

После цели 22 години пауза, групата „Cars“ повторно се обедини во 2010 година за да направи кратка турнеја.

Пејачката и активистка за човекови права Нина Симон, која почина во 2003 година на 71 година, постхумно е примена во Куќата на славни.

Извор:https://kajgana.com/