Џејмс Коми: Трамп е морално неспособен за претседател

во категорија Свет од

 Американскиот претседател Доналд Трамп е „морално непсособен“ да управува со земјата, изјави во интервју за телевизијата Еј-Би-Си поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми.

– Не верувам во тие истории дека тој e ментално некомпетентен или дека е во прв стадиум на деменција, изјави Коми, кого Трамп го смени од функцијата во мај 2017 година.

– Сметам дека тој е морално неспособен да биде претседател, изјави Коми во првото интервју откога беше разрешен.

Според Коми, американскиот претседател „мора да искажува почит и да ги признае вредностите кои се во срцето на Америка”.

– Најважна вредност се вистината, а овој претседател не е способен да го стори тоа, додаде поранешниот шеф на ФБИ. 

Извор:http://press24.mk