Циндриќ прогласен за МВП на турнирот: Заедно со уште тројца вардарци влезе во најдобриот тим на СЕХА

во категорија Спорт од

Cindric-Zagreb

Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во СЕХА лигата, победувајќи го ППД Загреб со резултат 26:24 во вчерашното финале на фајнл-фор турнирот кој се играше во салата во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

„Црвено-црните“ ја освоија својата четврта титула во регионалната лига со уште еден квалитетно одигран натпревар, иако хрватскиот шампион ја одржуваше неизвесноста до последните десет минути. Вардар по 50-та минута направи серија од 4:0 и со предноста 25:20 го реши победникот.

По завршувањето на финалниот меч, беа сумирани и прогласени најдобрите играчи на Ф4 турнирот во СЕХА лигата.

МВП беше прогласен играчот на РК Вардар, Лука Циндриќ, а исто така се најде и во најдобриот тим  на СЕХА лигата, во кој место имаше и уште за тројца вардарци, Илија Абутовиќ, Арпад Штербик и Тимур Дибиров.

Арпад Штербик (Вардар) Голман

Домагој Павловиќ (ППД Загреб) Лев бек

Тимур Дибиров (Вардар) Лево крилo

Златко Хорват (ППД Загреб) Десно крило

Вјачеслау Шумак (Брест Мешков) Пикер

Жига Млакар (Целје П.Л) Десен бек

Илија Абутовиќ (Вардар) Дефанзивец

Лука Циндриќ (Вардар) МВП на турнирот

Извор:https://derbi.mk/