Тодоров повторно се закити со шампионската титула во БИБЛ лигата

во категорија Спорт од

MZT-Karpos-Todorov

Александар Тодоров стратегот кој во декември минатата година си поднесе оставка од стручниот штаб на МЗТ Скопје како последица на поразот кој го претрпе македонскиот шампион во дербито со Работнички, и веднаш потоа, успеа да најде ангажман кај источниот сосед, во тимот на Левски, може да се пофали со нов успех.

Тодоров како дел од стручниот штаб на Левски, имаше удел во победата над тимот на Башкими со резултат од  83:72 и успеаа да се закитат со титулата во БИБЛ лигата.Левски ја имаше иницијативата на своја страна благодарение на добрата игра на Божидар Аврамов кој убаци 21 поен и Станимир Маринов кој даде 20 поени.

Инаку, Ф4 финалето се играше во бугарскиот град Самоков, а единствениот македонски претставник Блокотехна не успеа да се пласира во финалето и играше во битка за третото место, но немаше среќа и изгуби во продолжението од Рилски Спортист со конечни 79:92.

Извор:https://derbi.mk/