Стивен Спилберг стана режисерот со најголема заработка на боксофис на сите времиња

во категорија Култура од

Еден од пионерите на Новата ера во Холивуд, Стивен Спилберг, стана првиот режисер чии филмови заработиле повеќе од 10 милијарди долари на светскиот боксофис. Филмот кој го однесе над бројката од 10 милијарди е новиот научно-фантастичен хит, „Ready Player One“, кој во моментов е на репертоарот на светските киносали.

Зад Спилберг и понатаму остануваат Питер Џексон, Мајкл Беј и Џејмс Камерон, чии филмови заработија по 6 милијарди долари.

„Ready Player One“ е последниот филм на Стивен Спилберг и тој досега заработи „само“ 114 милиони долари, но сепак успеа да го донесе американскиот режисер над бројката од 10 милијарди заработени на светскиот боксофис. Оваа заработка го става „Ready Player One“ на седумнаесеттото место на листата на филмови на Спилберг со најголема заработка, додека на врвот на листата се наоѓаат „E.T.: The Extra-Terrestrial“, „Jurassic Park“ и „Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull“.

Двократниот освојувач на Оскарот за Најдобар режисер има вредност од 3,6 милијарди долари, вели Forbes.

Помеѓу елитната десетка на режисери чии филмови имаат заработено најмногу на глобалниот боксофис се најдоа уште Дејвид Јејтс, Кристофер Нолан, Роберт Земекис, Тим Бартон, Крис Колумбус и Ридли Скот.

Извор:https://kajgana.com/