Со секоја трансакција на Kom Pay на Комерцијална банка ќе се донира на центрите „Сакам да знам“

во категорија Eкономија од

Од секоја трансакција со услугата Kom Pay, Комерцијална банка АД Скопје издвојува по еден денар за младинските центри „Сакам да знам“ затоа што здрава и образована младина е услов за успешна иднина.

Младинските центри „Сакам да знам“ со кои раководи ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во партнерство со Здравствениот дом – Скопје се првите и единствени центри во Скопје кои нудат бесплатни и доверливи здравствени услуги и советување за младите и за социјално маргинализираните лица.

Од отворањето во 2006 година до денес, двата младински центри „Сакам да знам“ имаат понудено повеќе од 88.000 услуги на над 27.000 клиенти. Од нив, околу 70% се млади до 30 години кои доаѓаат од социјално исклучени или ранливи групи, а околу 20% се студенти и средношколци.

Што нудат младинските центри „Сакам да знам“ на ХЕРА?

Прегледи:

•  Гинеколошки прегледи и советувања (советување, дијагностика на сексуално преносливи инфекции, администрирање на терапија и контрацепција, ехо-преглед)

•  Дерматовенеролошки прегледи (советување, криотерапија, дијагностика на сексуално преносливи инфекции, администрирање на терапија)

•  Општ училишен лекар за деца исипани од образовниот процес (прегледи, совети, здравствена едукација)

Советувања:

•  Советувања со психолог за сексуалност и репродуктивно здравје

•  Советување и едукација со социјален работник за семејно насилство, здравствени права и сексуално и репродуктивно здравје

•  Правни советувања од областа на семејно насислство и сексуално и репродуктивно здравје

•  Врсничка едукација за сексуално репродуктивно здравје

•  Дистрибуција на кондоми и едукативни материјали

•  Советувалиште за превенција на употреба на дроги

Тестирања:

•  Брзи тестови за ХИВ

•  ПАП

•  Сексуално преносливи инфекции

Здрава и образована младина е услов за успешна иднина.

Извор: https://faktor.mk/