Случај „Села“, исказ дава Мухамед Зеќири: Ацо Тошта го извлече Села од топлата

во категорија Македонија од

Во случајот за обид за убиство на Зијадин Села, на прашањата на обвинителот Дарко Јакимовски, одговори пратеникот Мухамед Зеќири.

Во неговиот исказ за настаните од 27 април во Собранието на РМ, Зеќири рече дека кон Села биле фрлани тврди предмети, а потоа првиот кој го извлекол Села од толпата бил Александар Јаневски – Тошта.

Зеќири додава дека и осомничениот Сашко Сенков го удирал Зијадин Села во прес-салата од Собранието.

Аднан Ќаили

 

Извор: https://tv21.tv/mk