Сведоштво на девојче од Дума: Фрлија буре што шуштеше, потоа нè полеваа со вода

во категорија Свет од

Седумгодишната Маса го преживела наводниот хемиски напад во Дума, Сирија, а за Би-Би-Си опишала како изгледало криењето по подруми, a потоа и бегството од местото на нападот. Снимка на која се гледа девојчето, пред околу една недела го обиколи светот. На неа се наоѓа Маса и многу други деца кои ги полеваат со вода по наводниот хемиски напад.

„Бевме во подрум, Дума беше нападната. Одеднаш фрлија буре, но тоа не експлодираше. Се слушна шуштење. Слушнавме гласови кои велеа ‘одете нагоре, одете нагоре’. Отидов на последниот кат и паднав на подот, по што не можев да станам. Тогаш мајка ми ме повика, вујко ми ме зеде во раце и ме однесе. Дојдоа лекари, нè земаа сестра ми и мене. Нè доведоа до првата болничка станица и нè полија со вода, ни дадоа инјекции“, изјави Маса за Би-Би-Си.

Како што додава таа, потоа отишле да спијат, а гранатирањето продолжило.

„Бевме покриени со прашина. Се вративме во подрум каде почувствувавме мирис на крв“, рекла Маса.

Колку за потсетување, нападот се случи пред една недела во Дума, предградие на Дамаск, а оттогаш избувнаа тензии помеѓу Западот од една страна и Сирија и Русија од друга страна. Како одговор на нападот, САД, заедно со Велика Британија и Франција, ја бомбардираа Сирија.

извор: Makfax

Извор: http://vecer.mk/