Сведочење на полицаецот Алими: Демонстраторите бараа албанска крв

во категорија Македонија од

Херојот на Села, Абдулфетах Алими денеска дава исказ на рочиштето за случајот во кој се обвинети 10 лица за обид за убиство на Зијадин Села во настаните од 27 април.

„Во салата во која се одрживаше прес-конференцијата видов бесни демонстранти кои со тврди предмети гаѓаа кон пратениците. Слушнав како велеа дека бараат албанска крв меѓу кои и на З. Села, Т.Џафери и З.Заев. Ние се обидовме да ги заштитиме, но ситуацијата излезе од контрола“, изјави Алими, кој во моментов се наоѓа во притвор.

На денешното рочиште исказ даваше и Мухамед Зеќири кој беше присутен во прес-салата, дента кога демонстрантите насилно влегоа и ги нападнаа пратениците во Собранието на РМ.

Извор: https://tv21.tv/mk