Реформи; Разликата меѓу власта и опозицијата останува кај главниот јавен обвинител

во категорија Македонија од

Предлог измените во Законот за судовите и Судскиот совет, го поминаа второто читање во Собранието. Во Комисијата за политички систем, едногласно беа прифатени амандманите кои се однесуваат на дисциплинските мерки кон судиите во Законот за судовите.

Со измените на Законот за судскиот совет, останува на сила гласот на претседателот на Врховниот суд. Заменик министерот за правда, најави дополнителни измени за во иднина.

Разликите меѓу опозицијата и мнозинството остануваат за Законот за медиуми. Опозицијата бара да се зајакнат критериумите за предлагање на членовите на Агенцијата за аудио и аудио – визуелни услуги.

Со ова, опозицијата бара невладините органзиации од сферата не медиумите да немаат единствен критериум над пет годишно искуство со проекти од сферата, бидејќи со ова се знае кој може да биде член. Разликите остануваат и во Законот за Јавното обвинителство. Мнозинството и опозицијата се уште не ги доближиле ставовите во однос на начинот на избор на главниот обвинител.

Опозицијата бара првиот човек на обвинителниот орган да се бира со 2/3 од гласовите, нешто што СДСМ го бараше додека беше во опозиција. Што се однесува до ДИК, партиите се договорија првин да го вратат на сила стариот модел, што подразбира претседателот да биде по предлог на опозицијата и без експерти во составот, а потоа да усвојат законски измени најмалку шест месеци пред претседателските избори, како што предвидува Изборниот законик.

Адриан Керими

Извор:http://www.alsat-m.tv/mk