Реакција на НЛБ Нов пензиски фонд

во категорија Eкономија од

Фактор упатува извинување до НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за настанатото недоразбирања при неиспратените прашања за темата купените акции од Гранит АД Скопје во Комерцијална банка АД Скопје каде НЛБ Нов пензиски фонд е еден од акционерите и за тоа дали имало и нивна согласност во носењето на одлуката на Гранит за склучената зделка. Фактор во име на професионалните стандарди во продолжение во целост ја објавува реакцијата на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.

“Согласно текстoвите „Онемеа ли од шок пензиските фондови –акционери во „Гранит“ и “Дали „пензионерите“ акционери во Гранит се согласија за огромниот влог во Комерцијална банка?” објавени на Вашиот портал денес 16.04.2018 година, наведувате дека менаџерите на пензиското друштво НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје не сакаат да дадат одговор на прашањата од вашата новинарка.

Ја информираме македонската јавност дека НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје нема добиено прашања на оваа тема од редакцијата на Фактор и затоа нема дадено одговори. Друштвото е отворено за соработка со новинарите и секогаш отворено и транспарентно разговара за состојбите во своето работење.

Основните принципи на кои се темели  работењето на Друштвото се токму транспарентно, објективно и реално известување на јавноста и членовите”, стои во реакцијата на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.

Извор: https://faktor.mk/